Додека повеќето сопственици се фокусираат на локацијата и цената на нивните сместувачки единици, постои еден често занемарен аспект што може да биде клучен за привлекување гости: естетиката на апартманот. Во светот на изнајмување сместувачки капацитети, конкуренцијата се зголемува, а привлекувањето гости станува сѐ поголем предизвик. Затоа е важно да се истакнете на најдобар можен начин, а фотографиите се клучна алатка за постигнување на таа цел. Според истражувањето спроведено од компанијата „ВФМ Леонардо“, откриено е дека хотелите што имале повеќе фотографии од своите соби и содржини забележале зголемување на резервациите и стапките на конверзија преку интернет од дури 46 отсто.
Дополнително, истото истражување покажа дека резервациите за имот со повеќе од 20 висококвалитетни фотографии по соба се зголемиле за 136 отсто во споредба со оние со помалку фотографии. Без разлика дали сте сопственик на хотел или апартман, важно е да разберете колку фотографиите се важни за привлекување гости и зголемување на резервациите.
Кога потенцијалните гости ги прелистуваат страниците за резервации за сместување, главната фотографија на апартманот е клучот, бидејќи токму таа главна фотографија ги поттикнува да кликнат и дополнително да ја истражат сместувачката единица. Затоа е од клучно значење да се издвоите од конкуренцијата со моќта на привлечна, висококвалитетна главна фотографија. Важно е да вложите време, труд и пари во создавање фотографија што ќе привлече внимание, ќе ги истакне посебните карактеристики на вашиот објект и ќе пренесе чувство на удобност и луксуз. Откако посетителите ќе кликнат на сместувачката единица, другите фотографии во галеријата стануваат еднакво важни. Важно е да се претстави секој аспект од апартманот на начин што ќе ги надмине очекувањата на гостите. Кујна опремена со квалитетни апарати, дневна соба со елегантен дизајн и модерен телевизор и спална соба со атрактивен текстил – сето тоа треба да биде претставено на начин што е во тренд, но истовремено и визуелно привлечен.