Со доделувањето на наградите за најдобрите остварувања, синоќа во Битола беше затворено 25. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама.
Гран при наградата ја доби актерот Арам Хованисјан, за претставата „Дон Кихот” од Ереван, Ерменија, а Специјалното признание за уникатно театарско искуство го доби актерот Абдула Маасуд и неговиот тим од Обединетите Арапски Емирати.
Актерот Игор Ангелов и претставата „Сите најубави работи”, во режија на Дејан Пројковски, ја добија Наградата од публиката на 25. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, која деновиве се одржа во Битола. Наградата на Ангелов му ја врачи Тони Коњановски, градоначалникот на Општина Битола, која традиционално ја доделува оваа награда.
Претставата „Букача”, на театарската дружина „Ема” од Загреб, Хрватска, ја доби
наградата за најдобра режија, а за најдобар актер беше прогласена Јулија Кудрјасова од Казахстан, со претставата „Кој го знае едниот”.
Во чест на наградените, Драмскиот театар од Скопје ја изведе претставата „Чудна
случка со кучето во нокта”.
М.М.