Поротата на судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера го заврши првиот ден од расправата без да донесе пресуда.
Сепак, 12-те поротници побараа повторно да ги слушнат потенцијално клучни докази на сведоците.
Судскиот процес што почна минатиот месец во Њујорк против Трамп под обвинение дека го купил молкот на порно актерката Сторми Даниелс за нивната врска е историски. Тоа е прва кривична постапка во САД против поранешен претседател.
Трамп судскиот процес го оцени како „многу неправеден“.