Петмина млади Германци денеска се осудени на различни казни затвор за силување на неколку ученички во индустриската област Рур.
Регионалниот суд во западниот град Есен ги осуди обвинетите, кои се на возраст од 17 до 24 години, на затвор од три години и 9 месеца до 6 години и 3 месеци.
Судот утврди дека од почетокот на 2016 година групата, чии членови употребувале чет група за да се договараат, примамувале девојчиња во автомобил и ги силувале на далечни локации. Најмладата од шесте жртви имала 16 години во моментот кога било извршено злосторството.