Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Студеничани.
Во периодот од 8.30 до 12.30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците „Кресна“ и „Илија Димовски-Гоце“ во општина Аеродром, потоа во периодот од 8 до 15.30 часот корисниците од дел од улиците „Кирил Пејчиновиќ“, „Никола Мартиновски“ и „Атанас Бабата“ во општина Чаир, а од 9 до 11 часот корисниците од дел од ул. „Пандил Шишков“ во општина Кисела Вода.
Прекин во електричната енергија утре во периодот од 9 до 15 часот ќе имаат корисниците од ул. „4„, „6“ и „7“ во село Батинци во општина Батинци, а од 11 до 15 часот корисниците од објектите во околината на Зелениот Пазар-Чаир на ул. „Ќемал Сејфула“ во општина Чаир.