Од 180 контролирани возачи ноќеска во Скопје, 18 биле под дејство на алкохол, информира СВР.
Во засилените контроли на СВР, согласно констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 53 мерки, 18 возачи се исклучени од сообраќај, времено се одземени 17 возачки дозволи, издадени се 18 мандатни платни налози и се откриени 55 други прекршоци за кои се издадени 40 мандатни платни налози и 15 прекршочни платни налози, е билансот од засилените проверки што ги спроведе СВР-Скопје.
Во контролите, пак, спроведени од 6 до 22 часот вчера, санкционирани се 79 лица кои возеле со брзина поголема од дозволената. Преземени се вкупно 90 мерки, издадени се 75 платни налози, четири прекршочни платни налози, писмено опоменати се единаесет возачи, а откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 19 прекршочни и 27 мандатни платни налози.