Сегашната ситуација во Европа е најлоша од Втората светска војна, изјави шефот на чешката разузнавачка служба Михал Куделка.
Јавниот радиодифузер Радио Прага Интернационал јави дека шефот на службата за безбедност и информирање на Чешката Република на состанокот на претседателот Петр Павел му рекол дека рускиот експанзионизам и можното враќање на екстремистички терористички групи како ИСИС во Европа претставуваат голема закана за европските демократии.
– Не можеме да го потцениме ризикот, иако немаме конкретни информации за директна закана за безбедноста на Чешка – потенцираше тој.
Павел, како што се наведува, рекол дека безбедносната ситуација најверојатно ќе стане уште посложена во наредните месеци.
Засилени се мерките за безбедност во Франција и другите европски земји по минатонеделниот терористички напад во Москва, за кој одговорноста ја презеде терористичката група „Исламска држава“.