Секторот за внатрешни работи – Охрид поднесе кривична пријава против лицето М.У.(20) од Скопје, осомничено дека е подметнувач на пожарот во кој целосно изгоре угостителски објект во зградата на Градскиот пазар во Охрид.
Според полициското соопштение, осомничениот на десети овој месец во 03:40 часот, со уште едно лице со запалива течност го предизвикал пожарот во објектот на булеварот „Туристичка“ во Охрид.
На М.У. му е одреден притвор од 30 дена. Осомничениот е префрлен во Казнено – поправната установа „Затвор“ – Охрид.