ДЕНЕСКА ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО НА ОБВИНЕТИОТ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ВО ХАГ, ХАШИМ ТАЧИ
Судењето на Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Реџеп Сељими и на Кадри Весељи, како осомничени воени злосторници за кои има основани сомненија и обвинение за поврзаност за воени злосторства како припадници и лидери на Ослободителната војска на Косово, по двонеделна пауза продолжува денеска пред Специјализираниот суд во Хаг. Гореспоменатите лидери на ОВК се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, за најмалку 102 убиства, незаконски притвори, тортура во Косово и Метохија и во северна Албанија.
Продолжението на судскиот процес ќе го обележи и тоа што адвокат на Хашим Тачи останува само хрватскиот адвокат Лука Мишетиќ, додека Грегори Кихо во меѓувреме се повлече бидејќи, како што пишуваат медиумите, „не добил плата“. Истото тоа го сторил и еден адвокатски приправник.
Укинати ограничувањата за приватни посети на притворениците
За обележување е тоа што на 9 февруари, судскиот совет одлучи да не воведува ограничувања за приватните посети на Хашим Тачи, Кадри Весељи и на Реџеп Сељими, кои вклучуваат посети на сопружниците, партнерите и децата на обвинетите, кои притворскиот персонал не ги надгледува ниту со гледање ниту со слушање. Во своето решение од 9 февруари, судечкиот совет добил информации од Секретаријатот за нови случаи на откривање доверливи информации за време на посетите и наведува дека „Сељими на две неовластени странки ѝ споменал доверливи информации за заштитени сведоци во најмалку два наврата и на тој начин открил доверливи информации“. На сличен начин, Тачи на двајца членови од своето семејство им спомнал доверливи информации и на тој начин открил доверливи информации, вклучувајќи ги и исказите на заштитени сведоци.
Судечкиот совет, сепак, одлучи да не наметнува ограничувања за приватните посети, но судиите ги предупредија обвинетите и одбраната да не откриваат доверливи информации, вклучувајќи ги и исказите на заштитените сведоци, за време на посетите во притворските установи.
Посебен режим за посети, кои не се од приватен карактер, беше воведен во декември минатата година кога беше откриено дека Тачи, Весељи и Сељими се обиделе преку своите посетители да влијаат на сведоците и да спречат сведочење.