Најмалку 50 луѓе загинаа при самоубиствен напад во Кабул, соопши авганистанското Министерство за здравство.
Според портпаролот на Министерството за внатрешни работи Наџиб Даниш при нападот повредени се повеќе од 70 луѓе.
– Бомбаш самоубиец го активира експлозив во сала каде беа собрани исламски верници кои го одбележуваа раѓањето на пророкот Мухамед, посочи Даниш.
Се уште никој не презел одговорност за нападот.