Министерот за одбрана на Белорусија Виктор Кренин изјави дека земјата, во близок сојуз со Русија, ќе воведе нова воена доктрина која за првпат предвидува употреба на нуклеарно оружје, пренесе „Гардијан“.
– Јасно ги кажуваме позициите на Белорусија за употреба на тактичко нуклеарно оружје стационирано на наша територија – рече Кренин на состанокот на Белорускиот совет за безбедност.
– Се појави ново поглавје, каде јасно ги дефинираме нашите сојузнички обврски кон сојузниците – додаде Кренин.