Фото: Фејсбук/РФМ

Македонската ракометна репрезентација до 18 години избори пласман на Европското првенство, откако попладнево во „Автокоманда“ го победи националниот тим на Косово со 33-24 (полувреме 15-11).

Најeфикасен во македонскиот состав беше Теодор Пецаноски со осум гола.

Покрај Македонија, пласман на Европското првенство од истата квалификациска група изборија и Швајцарците кои денес славеа над Словачка со 29-25.

Европското првенство ќе се игра годинава во Црна Гора.