Lukas

Во четири украински региони за кои Кремљ тврди дека ги анектирал лани ќе се одржат претседателските избори закажани во март во Русија, соопшти денеска официјална Москва.

Централната изборна комисија соопшти дека гласањето во март ќе се одржи во Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон – региони за кои Русија тврди дека ги анектирала во 2022 година.

Русија нема целосна воена контрола над тие региони.