Бугарија го отвори небото за авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, доколку тој одлучи да присуствува на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, изјави за новинската агенција ТАСС руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова.
– Добивме позитивен одговор на нашата нота за летот на авионот на Лавров преку воздушниот простор на Бугарија. Бугарското Министерство за надворешни работи официјално не информираше дека нашиот министер може да лета во воздушниот простор на земјата – вели Митрофанова за руската агенција.
Лавров изјави дека ќе учествува на состанокот на ОБСЕ во Македонија доколку Бугарија ја промени одлуката.