Фото: Маја Јаневска Илиева

Во 8-то коло, последно од квалификацискиот циклус, вечерва во Скопје пред 30.000 гледачи, Македонија одигра одличен натпревар против големиот ривал, селекцијата на Англија одигрувајќи нерешено 1-1.

Почетокот на мечот донесе офанзива на Англија, гостите тргнаа по отворање на резултатот, а Македонија беше стабилна на теренот.

Првата сериозна шанса Англичаните ја имаа во 14′ минута кога Деклан Рајс, шутираше во дирекот на Димитриевски.

Во 39′ минута дебитантот во англискиот состав Рико Луис го фаулираше Бојан Миовски во шеснаесетникот, а судијата Глова по преглед на ВАР и досуди пенал.

Шутот на Енис Барди го одбрани Пикфорд, но Барди натрча на одбиената топка и реализираше за 1-0 и радост на Арената „Тодор Проески“.

Почетокот од вториот дел веднаш донесе нови возбудувања. По акција од десната страна Букајо Сака центрираше, Грилиш погоди но погодокот му беше поништен поради офсајд кој беше констатиран по прегледување на ВАР системот.

Во 57′ минута од натпреварот нововлезениот Хари Кејн при првиот контакт со топката упати директен удар со глава кон голот и израмни на 1-1 по центаршут од корнер на Фоден. По ВАР акализата се утврди дека топката го погодила Јани Атанасов на кому му е припишан автогол.

Со овој меч се заокружи уште еден квалификациски циклус на македонската репрезентација, која заврши со осум освоени бода, две победи, две нерешени и четири порази.

 

Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева