Русија вели дека забелешките на израелскиот министер за наследство Амихаи Елијаху дека се разгледува употреба на нуклеарно оружје во Газа покренуваат „огромен број прашања“.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова истакна дека Израел се чини дека признал оти поседува нуклеарно оружје, „прашање кое намерно е двосмислено со децении“.
– Значи, слушаме официјални изјави за присуство на нуклеарно оружје? – праша Захарова, додавајќи дека во согласност со тоа, следните прашања кои сите ги имаат се – каде е Меѓународната агенција за атомска енергија ИАЕА, каде се инспекторите кои треба да извршат увид.
Владата на Нетанјаху во неделата го суспендираше министерот за наследство, крајниот десничар Амихај Елијаху „од сите седници на владата“. Во интервју за израелското радио „Кол Барама“, Елијаху му кажа на новинарот дека „една од опциите е да се фрли некаков вид нуклеарна бомба“ врз Газа „за да се убијат сите“. Израел има една од најсилните војски на Блискиот Исток и генерално се верува дека има нуклеарно оружје иако никогаш не извршил нуклеарни тестирања. Елијаху потоа се обиде да ја поправи својата изјава кажувајќи дека е метафоричка, но предизвика огорчување во целиот свет.