Во врска со барањето на „Кромберг и Шуберт“ под итно да се постави светосна и сообраќајна сигнализација на патот Битола – Грчка граница, од ЈП државни патишта бараат возачите да се стрпат и внимателно да возат.
– Рехабилитацијата на државниот пат А3 делница Битола – Меџитлија во должина од 12,5 км е во завршна фаза и во моментов се работи на изведба на асфалтирање на вториот завршен слој по што следува изведба на банкините од двете страни на патот и поставување на собраќајна сигнализација. Инаку, Договорот за рехабилитација на регионалниот пат А3, делница Битола-Меџитлија се реализира врз основа на ревидирана проектна документација од страна на Градежен факултет. Исто така, поставена е соодветна сообраќајна сигнализација во согласност со одобрениот времен режим на сообраќај, издаден од Министерство за транспорт и врски. Рехабилитацијата на патот со извршена целосна сигнализација се очекува да заврши најкасно за 30-тина денови, односно до крајот на Октомври – почетокот на Ноември и од тие причини ја користиме можноста уште еднаш да апелираме до возачите да се придржуваат до времената сигнализација и да ја почитуваат препорачаната брзина на движење – се вели во соопштениет на Државни патишта.
М.М.