Понудите за хуманитарна помош за Мароко станаа контроверзно прашање – Рабат досега прифаќаше помош од Шпанија, Обединетото Кралство, Катар и Обединетите Арапски Емирати, но ја отфрли онаа на Обединетите нации, соседен Алжир, со која кралството ги прекина дипломатските односи, како и од Франција, со која веќе неколку месеци односите се заладени.
Мароканската влада соопшти дека досега прифаќала помош од „пријателските земји“ по „темелна проценка на потребите и со свесност дека некоординираната помош би била контрапродуктивна“.
Не објасни зошто ОН беа принудени да чекаат конкретен одговор како што поминуваа деновите и се намалуваа шансите да се најдат преживеани.
ОН не добиле официјално барање за помош од мароканската влада, изјави вчера на прес-конференција портпаролот на генералниот секретар Стефан Дужарик.
– Суверена одлука на секоја земја е да одлучи како да продолжи со помошта во зависност од сопствениот капацитет – рече Дужарик, на прашањето дали ова претпочитање за помош од некои земји во однос на другите е „политичка, а не практична“ одлука.
Во меѓувреме, алжирското Министерство за надворешни работи вчера објави дека Мароко ја одбил нивнта понуда за хуманитарна помош.