Започна реконструкција на улиците Гутенбергова, Волтерова, Марија Кири и Ѓорѓи Војтех во населбата Драчево.
Градежните активности опфаќаат реконструктивни зафати на површина од околу 2.500 квадратни метри. Се работи за сообраќајници изградени по катастрофалниот скопски земјотрес на кои од тогаш не е интервенирано.
– Денес сме на местото каде што започнуваат почетните градежни активности за реконструкција на четири значајни улици во нашата населба Драчево. Се работи за улиците Гутенбергова, Волтерова, Марија Кири и Ѓорѓи Војтех, улици што, за жал, никогаш досега, по земјотресот не биле санирани или реконструирани од претходните раководства на општината. Овој градежен зафат, кој опфаќа околу 2.500 квадратни метри, значи инвестиција во подобра инфраструктура, но и инвестирање во подобар квалитет на животот за нашите граѓани, во безбедноста на нашите деца и во полесен пристап до нашите домови и работни места – истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.