Во кругот на фабриката „Витаминка“, повеќе од 300 деца на вработени во компанијата го обележаа почетокот на новата школска година и роденденот на омилената закуска „Стоби флипс“.

Пред 45 години во прилепска „Витаминка“ беше направен првиот „Стоби флипс“, флипсот што и денеска е омилен за повеќе генерации а посебно за децата како нивен верен придружник низ школските години. „Стоби флипс“ преку слоганот „Back to school“ го одбележува секој септември со разни мотивациски активности со кои ги поттикнува учениците на потрага по нови знаења и жед за учење.

За таа цел и овој септември „Витаминка“ за децата на возраст од 3 до 13 години организира едукативен, забавен и интерактивен настан со повеќе елементи.
Беше изведена претставата „Изненадувања“ како иновативен и уникатен концепт на презентација и едукација со музика изведена во живо на сцена од страна на професионални музичари и актери. Целиот концепт на претставата, со адаптација на музика и текст на поводот и со наменски креирана костимографија беше осмислен и креиран тематски. Дополнително, дворот на „Витаминка“ и местото на создавање на „Стоби флипс“ беше место за попладневна забава, исполнето со аниматори на штули и пантомимичари, жонглерско  шоу, музика, игра и смеа.

– Со создавање на овој настан сакавме да ги споиме оние моменти од секојдневието што се важни за нас како компанија и што се инкорпорирани во нашата деловна стратегија но и општествена одговорност, а тоа се зацврстување на семејните врски кај младите и кај нашите вработени, поттикнување на образованиот процес и создавање вистински вредности за сето она што е важно во животот. И затоа веруваме дека овој настан што обележува не само почеток на нова школска година тука и нова животна етапа за некои, секогаш ќе се поврзува со убави, позитивни и среќни моменти – велат од Витаминка.