Бугарската влада нема причина да го смени ставот кон Македонија, вели бугарскиот премиер Николај Денков во интервју за „24 часа“, додавајќи оти очекува Македонија да ги исполни обврските преземени од францускиот предлог.
Тој нагласи дека ветото било укинато со согласноста за спроведување на францускиот предлог, кога беше запрашан дали бугарскиот став кон Македонија ќе се промени.
– Категорично не. Со реализирањето на францускиот предлог, како резултат на кој беше укинато ветото, разговорот, всушност, повеќе не е меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку помеѓу Северна Македонија и ЕУ. Се очекува нашите соседи да ги исполнат обврските пред ЕУ. Нема никаква причина да ја смениме нашата позиција – истакна Денков.