АВТОМОБИЛИЗАМ
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе оствари две значајни победи на трките во Сент Урсан во Швајцарија викендов, со што македонскиот ас останува и понатаму главен фаворит за освојување нова трета титула на Европскиот шампионат во ридски патеки. Притоа тој на патеката Сент Урсан во првото возење беше брилијантен, поставувајќи и нов рекорд на патеката, со време од 2:05.018 со својот автомобил „хјундаи И30 Н ТЦР“. Стефановски беше најбрз и на втората трка, кога забележа време од 2:07:146, па сега е во уште подобра позиција за да биде најдобар во групата на Европскиот шампионат. Во календарот во ЕХЦ-шампионатот, на програмата остануваат уште трките во Илирска Бистрица (Словенија) и Бузетски дани (Хрватска). Г.И.