Синоќа на платото пред Офицерски дом свечено беше отворен годинашниот 17. по ред Балкански етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“ 2023, кој се одржува во рамките на „Бит фест 20233
Честа да го отвори припадна на македонска група „Баклава“, која го промовираше својот нов музички албум „Од Скопје со љубов“…
Групата „Баклава“ беше доволна провокација за бројната публика да ги заземе седиштата уште пред концертот да почне.
Атмосферата беше збогатена со бројни презентации на ракотворби, кафе и локуми, рачно изработен накит…
„Локум фест“ е фестивал кој негува македонска и балканска музичка и духовна култура која ги зближува луѓето.
За прв пат годинава оф-програма, која само ја продолжува можноста да се уживаа во овие исклучителни моменти.
Вечерта македонската чалгија ги озари лицата на присутните, а виртуозот на кларинет Вевки Амедов ја подигна атмосверата до еуфорија. М.М.
Фото: КИЦ Битола