Фото: Маја Јаневска-Илиева

Жалиме што Државната комисија за спречување на корупција наместо да се занимава со она што е нивна надлежност и да констатира корупција, тие се занимаваат со тривијалности и исполнување на политички агенди, реагираат од Град Скопје.

-Секако, за барање на корупција онаму каде што навистина постои сомнеж треба и храброст. Одлика, која за жал не ги краси членовите на Антикорупциската комисија. Добро е сепак што ДКСК поднеле кривична пријава за која воопшто Град Скопје не е известен, а дознаваме од медиумите, за еднаш да се расчисти маглата која ја сеат разни политиканти. Секако, членовите на ДКСК ќе мора да ја докажат и сопствената надлежност во постапувањето по овој „предмет“ пред соодветна судска инстанца – стои во реакцијата.

Антикорупциска бара кривична за Арсовска, за поставување на директори на МКЦ и Зоолошка