Голем конвој на платеничката група Вагнер рано утринава пристигна во Белорусија, јавуваат белоруските медиуми.
Колоната тргнала преку Рохачов во правец кон Бобрујск, а потоа кон Осиповиќ. Трасата покажува дека се движела кон шаторски камп во селото Гол.
Најмалку 60 возила биле забележани во конвојот, вклучувајќи камиони, големи камиони, комбиња и најмалку 3 патнички автобуси. Конвојот беше придружуван од белоруската сообраќајна полиција.
Вчера, Министерството за одбрана на Белорусија соопшти дека Вагнеровци почнале да ја обучуваат белоруската армија.
Еден од камповите ќе биде лоциран во близина на градот Осиповиќи. Од границата со Украина е на 200 километри.