Руското Министерство за одбрана соопшти дека започна со изведување на тактички вежби со борбени авиони над Балтичкото Море со главна цел тестирање на подготвеност за борбени и специјални задачи.
– Екипажот на Су-27 (борбени авиони) на Балтичката флота истрелаа крстосувачки ракети и лажни непријателски авиони“, објави Министерството на Телеграм – пренесе „Ројтерс“.
– Главната цел на вежбата е да се провери подготвеноста на летачкиот екипаж за извршување на борбени и специјални задачи според нивната намена, стои во објавата.
Министерството соопшти дека, покрај усовршувањето на нивните вештини, екипажите на борбени авиони се на „24-часовна борбена должност“ и го обезбедуваат воздушниот простор на руската енклава Калининград.