Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го назначи својот портпарол Ибрахим Калин за шеф на Националната разузнавачка агенција (МИТ), соопштија од кабинетот на претседателот на Турција.
Калин е долгогодишниот доверлив човек на Ердоган, кој од 2014 година е портпарол на претседателството и советник за надворешна политика на Ердоган.
За министер за надворешни работи, наместо Мевлут Чавушоглу, е назначен поранешниот шеф на МИТ, Хакан Фидан, кој беше на таа функција од 2010 година.
Турскиот претседател одлучи на функцијата министер за финансии во новата влада повторно да го именува Мехмет Шимшек, како и за министер за одбрана Јашар Ѓулер, кој од 2018 година е началник на турскиот Генералштаб.