Тоа треба да биде наша работа, исклучиво меѓу нас, меѓу Украина и Русија. А тоа е прашањето за крајот на војната. Верувам дека тоа треба да го постигнеме, тоа е целта, изјави за јавноста шефот на Главната разузнавачка управа на украинското министерство за одбрана на Украина, Кирил Буданов
Шефот на украинското разузнавање има предлог во насока на завршување на руско-украинскиот воен конфликт
Шефот на Главната разузнавачка управа на украинското министерство за одбрана на Украина, Кирил Буданов, предложи создавање демилитаризирана зона долга 100 километри меѓу Украина и Русија.
– Прашањето за завршување на војната вклучува создавање демилитаризирана зона; тоа е нашата цел – изјави шефот на военото разузнавање, Кирил Буданов.
– Според мене, тоа би било апсолутно вистинската дистанца. Зоната од 100 километри е доволна за да се оневозможи значително напад со конвенционални средства. Сè што не е оперативно-тактичко ниво не би ја поминало таа дистанца. Исто така, ненадејните напади на границите исто така би биле невозможни – тврди Кирил Буданов.
На прашањето дали Украина треба да го спроведе ова сама или дали треба да се формира демилитаризирана зона со помош на меѓународната заедница, Буданов одговори дека Русија веројатно нема да се согласи да го направи тоа со помош на мировната мисија на ОН, доколку сè уште има право на вето во Советот за безбедност.
– Тоа треба да биде наша работа, исклучиво меѓу нас. А тоа е прашањето за крајот на војната. Верувам дека тоа треба да го постигнеме, тоа е целта – рече тој.
За потсетување, руската влада претходно во неколку наврати ја изразуваше својата подготвеност да преговара директно со Украина. Во овој контекст, портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потсети дека главна пречка за таквите разговори е забраната за водење преговори со рускиот претседател Владимир Путин, што беше законски потврдено со декретот на украинскиот претседател Володимир Зеленски од 30 септември 2022 година.