На електронските адреси на 78 основни и 37 средни училишта во белградските општини денеска пристигнале дојави за поставени експлозивни направи, соопшти Министерството за образование на Србија.
Бомба била пријавена во основното училиште „Дринка Павловиќ“, а според информациите на „Данас“, закани биле упатени и кон ОУ „Обединети нации“, како и до ОУ „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац.
Училиштата издадоа упатства до наставниците да ги информираат родителите да не ги носат децата денеска во школо.
Српското МВР соопшти дека полицијата е на терен и ги проверува сите пријави.