Наградата се доделува со гласање, а критериуми се несебичност, лидерство и посветеност на тимот во кој се настапува

КОШАРКА – НБА

Кошаркарот на Милвоки, Џру Холидеј (32), вторпат во низа е избран за соиграч на годината во НБА-лигата, објави веб-страницата на ова најквалитетно кошаркарско натпреварување. Холидеј (1.96 м), кој игра на позиција бек, досега настапувал за Филаделфија, Њу Орлеанс и Милвоки, а со репрезентацијата на САД освои златен медал на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио. До третата награда најдобар соиграч „Твајман-Стоукс“ дојде со освоени 1.359 поени, второто место му припадна на Микал Бриџис од екипата Бруклин со 1.190 поени, додека трет заврши Стеф Кари од тимот на Голден Стејт со 1.117 поени.
Наградата се доделува со гласање, критериумите се несебичност, лидерство и посветеност на тимот во кој се настапува, а е именувана е по Џек Твајман и Морис Стоукс, соиграчи во клубот Синсинати ројалс од 1955 до 1958 година.
Стоукс доживеал повреда во натпреварувачката сезона 1957/1958, поради што паднал во кома, останал трајно парализиран и му била констатирана посттрауматска мозочна енцефалопатија. Твајман, пак, стана негов законски старател и адвокат. Г.И.