Наградниот фонд за овогодишниот Ролан Гарос ќе изнесува вкупно 49,6 милиони евра, што е за 12,3 отсто повеќе во однос на 2022, објави денеска организаторите на грен – слем турнирот во Париз.
Организаторите истакнаа дека наградниот фонд е „значително зголемен“ со цел да се обезбеди поголема рамноправност во распределбата на заработката меѓу тенисерите.
Победниците во женска и машка конкуренција ќе инкасираат по 2,3 милиони евра.
Ролан Гарос е на програмата од 28 мај до 11 јуни.