Утринава околу 8 часот имало пукање во основно училиште во општината Врачар, во Белград, објавуваат српските медиуми.
Според првите информации на телевизија Н1, седмоодделенец го донел пиштолот на татко му на училиште. Неофицијално загинал училишниот чувар, пишува „Блиц“.
Момчето (14) наводно пукало во училиштето и повредило неколку ученици. Детето е приведено во станица.
Според првичните информации, четворица ученици се пренесени во Итната помош. Мотивот засега е непознат.