По 72 часа рибарење и со учество на 16 екипи заврши првиот крапски риболовен натпревар „Боила куп“ на Осломејско езеро. Екипата на „Урбан крап“ од Охрид убедливо го освои првото место со вкупен улов од 101,55 килограми. Второто место им припаднаа на екипата „Аматери“ составена од тројца риболовци по еден од Кичево, Охрид и Битола, а како трета заврши екипата „Карп Фиш“ од селото Лабуништа.
-По тридневен риболовен маратон заврши првиот натпревар за годинава „Боила Куп“ одржан на Осломејско езеро, што го организира локалниот клуб„ Хантер Фиш“. По 72 часа рибарење екипата на „Урбан Крап“ од Охрид со вкупен улов од 101,55 килограми и со 38 уловени крапови убедливо го освои првото место. Второто место и припадна на комбинираната екипа „Аматери“ кои за овие три дена имаа вкупен улов од 45,87 килограми, додека на третотот место се пласира екипата на „Карп Фиш“ со вкипен улов 44,86 килограми. Во трите дена беа уловени вкупно 178 риби крап со вкупна тежина од 446,557 килограми – истакна претседателопт на клубот организатор „Хантер Фиш“, Бесмир Елези.
Тој напомна дека екипите кои се пласирале на првите три места освоија парични награди од 15.000 денари првата, 10.000 второпласираната екипа и 6.000 денари за третопласираниот состав.
Елези најави и нов риболовен натпревар за следниот викенд на Осломејско езеро. З.А.