Илустрација/Фото: Пикселс

Одлуките за нуклеарната енергија беа на клацкалка во последните денови – некои палат нови реактори, други ги гасат. Пет земји – Велика Британија, САД, Канада, Јапонија и Франција – формираа нуклеарен сојуз со цел да ја отстранат Русија од меѓународниот пазар на нуклеарна енергија, која доминира во таа област, пишува РТС.

Минатиот викенд Финска пушти во употреба нуклеарна централа, најголема досега во Европа, која ќе обезбедува 14 отсто од електричната енергија во земјата. За да го компензира недостатокот на гас, Полска потпиша договор со Америка вреден четири милијарди долари, за изградба на дури 20 модуларни нуклеарни реактори.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки истакнува дека атомот, а особено таканаречениот мал атом, е многу добар начин за брзо надополнување на ресурсите.

– На Полска ѝ требаат евтини ѝ чисти извори на енергија – посочува Моравјецки.

Претседателот на полската енергетска компанија ПКН „Орлен“, Даниел Обајтек, наведува дека оваа енергија е за 30 отсто поевтина од енергијата произведена од гас.

– Всушност, ние одиме кон избегнување на каква било поголема зависност – додава Обајтек.

Опозициските лидери и Слободните демократи како најмала партија во коалициската влада на Шолц, сè повеќе заговараат преиспитување на одлуката во декември оваа година да се исклучат последните

Германија стави точка на нуклеарната енергија

Во исто време, Германија стави точка на нуклеарната енергија со затворање на последните три реактори.

Поради енергетската криза, на затворањето на нуклеарните централи се противат тамошните експерти и поголемиот дел од јавноста.

Баварија бара повторно активирање на нуклеарната енергија на нејзина територија.

– Убедени сме дека затворањето на нуклеарните централи е голема грешка. Бараме да ја задржиме нуклеарната енергија уште неколку години – изјави баварскиот премиер Маркус Зедер.

Претседателот на Германската индустриска и трговска комора, Петер Адријан, има впечаток дека прагматизмот понекогаш се жртвува заради идеологијата.

– Можеме да размислуваме за производство на челик и други метали користејќи зелен водород. Но, прво треба да имаме зелен водород, а ние го немаме – истакнува Адријан.

Чешкиот регулатор за нуклеарна енергија денеска одобри изградба на два нови нуклеарни реактори во електрана во близина на селото Дуковани, во централниот дел на земјата.

Белгија го одложи гасењето на нуклеарните централи, Кина подготвува 47 реактори

Белгија повторно го одложи гасењето на своите нуклеарни централи, а Шведска донесе одлука да ги затвори по катастрофата во Чернобил, која подоцна ја промени.

Во светот се активни 400 нуклеарни централи, 60 се во изградба, а предводници во развојот на нуклеарната енергија се: Русија, Индија, Франција, САД, Јапонија, а особено Кина, која подготвува изградба на дури 47 нови реактори.