Креативно катче
Пред најголемиот христијански празник Велигден, во ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ во Кичево беше организирана мултиетничка работилница, на која покрај учениците од ова училиште учествуваа и нивни врсници од ОУ „Фаик Коњица“ од селото Грешница. Во работилницата учествуваа ученици од четврто и од петто одделение.
– Дел од работилницата беа 12 ученици од градското училиште и четири ученика од селото Грешница.Учесниците во оваа работилница изработуваа велигденски украси и бојосуваа велигденски јајца. На крајот на еднодневната активност изработките им беа подарени на учесниците на овој проект. Во состав на оваа работилница дружењето продолжи и со спортски игри, со што се заокружи оваа предвелигденска мултиетничка дружба – истакна Илинка Анѓелеска, директорка на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“. З.А.