НА ЏУДО-КАМПОТ ВО КИКИНДА

Тренерот на скопскиот џудо-клуб Миоки, Игор Паскоски, и Игор Димитријоски од прилепски клуб Пролетер ја имаа честа да го отворат џудо-кампот во српскиот град Кикинда, кој во организација на тамошниот клуб Партизан се одржува четири дена, а ќе заврши денеска.
Паскоски ги одржа првите тренинзи во категоријата џудисти до 18 и 21 година, како и во сениорска конкуренција, додека, пак, Димитријоски во категоријата до 13 и 15 години.
– На кампот присуствуваат над 400 џудисти од вкупно 10 држави. Сериозна организација, искусни тренери и реномирани имиња во светот на џудото, посветено ги следеа инструкциите на Паскоски и Димитријоски, потврдувајќи ги уште еднаш нивото и експертиза на нашите тренери – информира претставникот на клубот Миоки, Владимир Крстев. Г.И.