Славенка Дракулиќ е добитничка на годинешната награда на четвртото по ред издание на фестивалот на европската литература „Букстар 2018“, кој во Скопје ќе се одржува од 12 до 20 ноември. Наградата ја добива за својата најнова книга „Невидливата жена и други раскази“, книга што, како што посочува издавачот и организатор на фестивалот „Антолог“, ја обележува оваа година. Познатата новинарка и писателка ќе гостува на фестивалот од 12 до 14 ноември, кога книгата треба да биде промовирана, а предвидена е и средба на Дракулиќ со читателите.
Книгата „Невидлива жена и други раскази“ се занимава со често табуизираната тема – процесот на стареење и што сè доаѓа со тоа. Тоа е и главната причина за одлуката на советот на фестивалот токму неа да ѝ ја додели наградата,
Славенка Дракулиќ е родена во Риека, во 1949 година. Пишува книги на хрватски и на англиски јазик, а некои од нив се преведени на повеќе од дваесет јазици, меѓу кои и на македонски. Американската издавачка куќа „Пингвин“ досега има објавено шест нејзини наслови. Доминантна тема во нејзините публицистички книги се социјалистичкото секојдневие и војната во Југославија. „Невидлива жена и други раскази“ е на врвот на бестселер-листите во Хрватска.