Без електрична енергија утре поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа ќе бидат дел од потрошувачите во општина Центар, Ѓорче Петров, Сарај и Студеничани.
Без напојување со електрична енергија од 08:30 до 16:00 часот, ќе останат корисниците од дел од ул. Димитар Пандилов, поточно објектите од бр. 10 до бр.33, од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. 106 во село Ново Село, од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Црногорска кај бр. 28 и бр. 30., од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од Базен Сарај, хотел Сарај и Емо Сарај, дел од село Сарај кај Џамија ул. Ѓорче Петров објекти кај Кристина Дамил ул.1 подулица 3 и село Крушопек, од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Батинци ул.4, 6 и 7, од 09:30 до 15:00 часот, корисниците од селата кон Солунска Глава, Алдинци, Мала Река, принцес Мала Река, Воени и Полициски објекти на Солунска Глава.