Актуелниот претседател, Мило Ѓукановиќ, е во трка за трет мандат во претседателските избори во Црна Гора кои денеска се одржуваат во прв круг. Противници му се шест кандидати меѓу кои е независниот Јован Радуловиќ, кој е познат инфлуенсер.
Радуловиќ е комичар и критичар на општествените појави. Како независен кандидат поднесе потписи за својата претседателска кандидатура и рече дека на земјата ѝ треба некакво освежување и дека тој би можел тоа да го обезбеди.
Ова се четврти претседателските избори од независноста на Црна Гора. Право на глас имаат 542.154 граѓани.
Доколку ниеден од кандидатите не освои половина од гласовите, ќе биде организиран втор круг, а во него ќе учествуваат двајца кандидати кои освоиле наголем број гласови. Политиколозите веруваат дека ќе дојде до втор круг. Прогнозите се дека освен Ѓукановиќ, во вториот груг ќе влезе или Андрија Мандиќ од Демократски фронт, или Јаков Милатовиќ од движењето Европа сега.