Од првиот реизбор на Инфантино во 2019 година, двата најголеми проблеми на ФИФА беа што сакаше светските првенства да се одржуваат на секои две години, како и елитните клубови, кои се обидуваа да формираат европска суперлига. И двата плана пропаднаа

ФУДБАЛ

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, оваа недела ќе добие нов мандат да ја води ФИФА, најбогата од нејзиното формирање, со амбиција да придодаде нови и поголеми натпреварувања.
Богатството на ФИФА по СП во Катар, со резерви од четири милијарди долари што треба да се поделат меѓу 211-те членки, и проширениот систем со 104 натпревари на СП во 2026 година се најголемата причина зошто Инфантино нема противкандидат на изборите, кои е предвидено да се одржат во Руанда.
Од првиот реизбор на Инфантино во 2019 година, двата најголеми проблеми на ФИФА беа што сакаше светските првенства да се одржуваат на секои две години, како и елитните клубови, кои се обидуваа да формираат европска суперлига. И двата плана пропаднаа.
Инфантино се залагаше за промена на датумите на светските првенства, проект што директно ќе ги загрози европските првенства и „Копа Америка“, а ќе влијае и на Олимписките игри (ОИ). Иако јавно не ја поддржуваше суперлигата, тој разговараше со побунетите клубови и покрај колапсот на структурата на европскиот фудбал.
Управните тела на европскиот и на јужноамериканскиот фудбал блокираа многу предлози на Инфантино, но заедно, сепак имаат 65 од вкупно 211 гласа и со тоа не можат да ја добијат претседателската функција. Членките на ФИФА, кои главно зависат од парите на Светската куќа на фудбалот, се позадоволни од Инфантино. Сите шест региони ќе добијат повеќе места и повеќе пари од СП во 2026 година, на кое за првпат ќе учествуваат 48 селекции.
Од претходниот избор на Инфантино, ФИФА организираше две светски првенства, при што СП за жени во 2019 година привлече повеќе од милијарда гледачи низ светот. Г.И.