Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го разреши заменик-шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Олександр Јакушев, со претседателски указ.
Освен него, заменети се и началникот на Одделот за економска поддршка, Олександр Провотров, началникот на Одделот за заштита на државните тајни, Игор Ношко, началникот на СБУ за регионот Запорожје, Борис Безруки и началникот на СБУ за Регионот Суми, Едуард Федоров, исто така беа разрешени – објави Киев Индипендент, пренесе РТС.
Зеленски веќе назначил нови луѓе на две од четирите испразнети позиции.