Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека идејата Кина да преговара за исходот од војната во Украина не е рационална, по објавувањето на мировниот план на Пекинг за конфликтот.
Кинескиот план ги повикува двете страни да се согласат на постепена деескалација и предупредува за употреба на нуклеарно оружје.
Планот, наведен во документот на Министерството за надворешни работи, е повторување на линијата на Кина откако Русија ја започна, како што ја нарекува, својата „специјална воена операција“ на 24 февруари минатата година.
Бајден, исто така, ги повтори своите коментари дека засега нема да испраќа Ф-16 во Украина, велејќи дека на украинскиот претседател Володимир Зеленски во моментов не му требаат борбени авиони – пренесе Индекс.хр