Граѓаните да не отвораат СМС пораки и да не споделуваат лични податоци кон UJP.MK, апелираат од Управата.
– Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека вчера и денес непознат испраќач користејќи го логото на УЈП преку СМС пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички. Пораките се испраќани од телефонскиот број +38979212628 со следната содржина “Извршете ја задолжителната пријава на УЈП https://ujp.mk/verifikacija”.
Овој линк е лажен, и не води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи.
Управата за јавни приходи апелира ДА НЕ СЕ ОТВАРААТ ОВИЕ СМС ПОРАКИ И ДА НЕ СЕ ОТВАРА ЛИНКОТ, а доколку некој го отворил линкот да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните затоа што истите можат да бидат злоупотребени. Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација“ се истакнува во соопштението.