Вчера Македонците во Бугарија повторно беа жртва на насилство, каде беше искршен новотворениот клуб од Благоевград – „Никола Вапцаров”! Бараме веднаш претседателот Стево Пендаровски и министерот Бујар Османи да го осудат ваквиот насилен чин и да ги искористат сите форми на притисоци кон бугарските власти за да се откријат сторителите на ваквиот гнасен чин – исто како што експресно го осудија кршењето на фашистичкиот клуб во Охрид, се наведува во соопштението од опозициската партија Левица.
Дополнително, се бара врачување на протестна нота на бугарскиот амбасадор во Скопје.
– Бараме веднаш да му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во Скопје – Ангел Ангелов, по истиот реципроцитет како што официјална Софија ѝ врачи нота на македонската амбасадорка после кршењето на клубот во Охрид – категорични се од Левица, откаде што додаваат оти никакви комисии, ниту договори за добрососедства не можат да ги заштитат македонските национални интереси од великобугарската политика.