Најмалку деветмина загинаа синоќа кога маж отвори оган во студио за танц во градот Монтереј Парк во американската сојузна држава Калифорнија, пренесува „Лос Анџелес Тајмс“.
Според неофицијални информации, има и деветмина ранети.
Оружениот напад на кој полицијата одговорила, се случил во близина на локална прослава на кинеската Лунарна нова година.
Видеоснимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат како полицијата и противпожарните екипи ги згрижуваат повредените.
Монтереј Парк има околу 60.000 жители, од кои повеќето се со азиско потекло.