Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека прашањето за нејзината веројатно вмешаност во решавањето на украинската криза „не е на дневен ред“.
– Нема такво прашање – изјави таа во интервју за неделникот „Сет“.
Меркел додаде дека не знае како ќе заврши конфликтот во Украина.
– Еден ден се ќе заврши со преговори. Војните завршуваат на преговарачка маса. Има разлика помеѓу наметнат мир, кој јас, како и другите, не го посакувам, и отворени и пријателски преговори. Не сакам да додадам ништо повеќе – изјави поранешната канцеларка на Германија.
Коментирајќи ја политиката што ја водела кон Русија и Украина, Меркел истакна дека „во тоа време носела одлуки според логика која сè уште и изгледа разумна“.
– Се работеше за обидот да се спречи војна како оваа. Само затоа што не успеавме, не значи дека беше погрешно да се обидеме – рече таа.