Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарците би сакале Европскиот парламент да се распушти во сегашното свикување.
Орбан рече дека неодамнешниот корупциски скандал во кој беа вклучени неколку членови на Европскиот парламент го доведе во прашање кредибилитетот на институцијата, нагласувајќи дека го поддржува укинувањето на телото.
– Не е тешко да се одговори на прашањето до кој степен е нарушен угледот на Европскиот парламент во Унгарија, бидејќи тој не може да биде понизок – рече Орбан.
Ова го изјави унгарскиот премиер во средата на годишната меѓународна прес-конференција во Будимпешта, која траеше речиси три часа.
Орбан рече дека е време да се „исцеди мочуриштето“ во Европската унија, пренесе АП, додавајќи дека унгарскиот премиер употребил фраза што ја користел поранешниот американски претседател Доналд Трамп.