Германската влада денеска донесе одлука за подигање на минималната сатница од почетокот на следната година на 9,19 евра, а министерот за финансии Олаф Шолц истовремено бара покачување на минималецот на 12 евра.
-Мислам дека минималната сатница од 12 евра е во целост прифатлива – напиша Шолц во текст во весникот „Билд“.
Тој ги советува германските работодавци да „не штедат на платите“.