Десет лица, меѓу кои пет деца, загинаа во пожар во станбена зграда во близина на Лион, Франција, соопшти локалната власт.
Засега не се знае како настанал пожарот.
Локалните власти соопштија дека пожарот бил пријавен во 3.12 часот и дека до 3.25 часот околу 170 пожарникари се на терен.
Службите за итни случаи соопштија дека пожарот избувнал во седумкатница.
Уште четири лица се во критична состојба, додека 10 други, меѓу кои двајца пожарникари, се повредени.
Еден сосед, кој живее на околу 100 метри од зградата каде избувна пожарот, вели дека огнот го разбудил.
– Слушнавме врескање, детски плач. Кога ги отворивме прозорците, видовме чад и веднаш излеговме надвор – рече тој.
Соседите од околните згради со скали помогнале да се евакуираат луѓето што живеат на првиот кат