Германската полиција денеска соопшти дека маж убил 14-годишно девојче, а тешко ранил друго, 13-годишно, додека оделе пешки кон училиште.
Полицијата во југозападниот град Улм соопшти дека девојчињата биле итно пренесени во болница по нападот кој се случил околу 7:30 часот во блискиот град Илеркирхберг.
Нема информации за оружјето со кое мажот ги нападнал.
Осомничениот побегнал во блиската куќа каде полицијата уапсила три лица, претпоставувајќи дека едното е напаѓачот.
Германската новинска агенција ДПА јави дека полицијата сè уште се обидува да го утврди мотивот за нападот.